Д-р Бабачиќ: Проблем се граѓаните кои избегнуваат да се тестираат и регистрираат како случаи позитивни на ковид

Доктор Харис Бабачиќ/ Фото: Архива на Слободен печат

Имаме релативно стабилна состојба со репродуктивниот број на SARS-CoV-2, кој последниве три недели во просек е 0.87. Пикот на заразувања е веројатно поминат, а веројатно го поминуваме пикот на активни случаи, објави на својот фејсбук профил доктор Харис Бабачиќ, од Каролинскиот институт во Шведска.

-Ова не значи дека можеме да се опуштиме и дека немаме нови заразувања во тек. Состојбата може да се смени бидејќи не сите случаи се изолирани и ќе има повеќе мешање во периодов кој претстои. Проблем претставуваат граѓаните кои избегнуваат да се тестираат и регистрираат како случаи, што ги поматува процените. Вардете се и понатаму како досега, напиша тој во својата објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот