Д-р Бабачиќ: Лани починале околу 4.500 луѓе повеќе од вообичаениот годишен просек

Доктор Харис Бабачиќ/ Фото: Архива на Слободен печат

Изминатава година сме изгубиле околу 4.500 луѓе повеќе одошто би умреле да не сме имале пандемија со Сарс-ков 2, констатираше на Фејсбук д-р Харис Бабачиќ, докторанд-истражувач при медицинскиот универзитет „Каролинска институт“ во Стокхолм. Шведска, по објавувањето на бројот на починати лица во 2020 година од државниот Заводот за статистика.

„Можеме да процениме колку сме имале прекумерна смртност во изминатава година, споредбено со очекуваната смртност, базирано на модел на смртност од 2010-та до 2019-та. Иако очекувавме тешко сценарио со најголема смртност во декември, сепак ова ги надминува сите очекувања, двојно повеќе.“ напиша Бабачиќ.

Неговата статистика за изминатата деценија вели дека без пандемија во 2020 година би требало да починат 20.539 луѓе, но минатата година починале 25.049 луѓе.

„Од тие, само околу 55 отсто сме регистрирале како смрт од ковид-19. Останува да утврдиме колкумина од преостанатите 45 отсто биле нерегистрирани ковид-19 смртни случаи, а колкумина починале од други дијагнози поради несоодветен или ненавремен третман поради пандемијата“ загатнува Бабачиќ.

Забрзаното ширење на британскиот сој би требало да се најдат денеска на дневниот ред на состанокот на Комисијата за заразни болести, по што ќе се знае дали ќе се воведат дополнутелни ограничувања. Министерот за здравство Венко Филипче завчера во Гостивар, при пуштањето на модуларниот ковид-центар, рече дека не е исклучена можноста за нови рестрикции, но „порастот не е таков како што бил на почетокот на ноември“.

Тој апелираше до матичните лекари во Гостивар да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести во системот „Мој термин“ за вакцинација, како прва приоритетна група, зашто само една четвртина од нив, или околу 1.500 од близу 6.000, се пријавени за вакцинација.

Кон апелите за вакцинација се придружи и епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски, кој ја истакна важноста на глобалната соработка.

– Сите сме делови од еден затворени систем на врзани садови, а вирусот може да се победи некаде, само ако е поразен насекаде. Но пандемијата покажа дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, истакна Даниловски, кој беше предавач во онлајн дискусија на Лекарската комора. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот