Д-р Атанасовски: Во нашите институции нема слободни кревети, се чека некој да се испише или да почине, па да се заземе неговото место

ГОБ „8ми Сепмтеври“ Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Петар Атанасовски лекар во ГОБ „8ми септември“ во емисијата 24 анализа дека состојбата е тешка и дека се повеќе млади заболуваат. Персоналот пожртвувано се бори секој ден, вели Атанасовски и потенцира дека веќе цела година трае борбата со коронавирусот.

Во нашите институции нема слободно место, се чека буквално некој да се испише или да почине, па да се завземе неговото место. Состојбата е тешка, недостасуваат места, загрижувачки е што се поголем број на млади заболуваат и се прават напори сите да се згрижат. Персоналот се бори веќе цела година.“ – вели Атанасовски.

Атанасовски вели дека рестриктивните мерките не се спроведуваат стручно и во игра влегува политиката. Се одело на играње на корист на политичките партии и едноставно кога требаше да се има избори, мерките се олабавуваа. Кога се шири пандемијата, мерките доцна се воведувале, вели Атанасовски. Големите земји воведуваат локдаун, но финансиски ги покриваат сите сектори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот