Д-р Атанасовска-Трипуновска: Состојбата со Ковид-19 често не бара итна интервенција, додека мора брзо да реагираме во случај на инфаркт (ВИДЕО)

Зголемен е бројот на повици на телефонскиот број 194. Тоа е очекувано, со оглед на топлото време, но од друга страна и постојаниот раст на позитивни на Ковид 19, ни го зголемува обемот на работа, вели за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, доктор Маргарета Атанасовска-Трипуновска, шеф на смена во Итната медицунска помош (ИМП).

-Имаме секојдневно од 15-20 пациенти позитивни на Ковид 19 во смена, исто така е зголемен и бројот на колапси. Сакам да нагласам дека нашата служба во оваа пандемија има улога на транспортер. Тие со симптоми кои не се тестирани, ги носиме во 8 Септември, тие кои се тестирани и се Ковид позитивни, се носат на Инфективна клиника. Организирано работиме и ги задоволуваме потребите на сите граѓани, вели др. Атанасовска-Трипуновска.

Таа објаснува дека за итноста на состојбата одлучуваат искусни лекари, кои се јавуваат на телефон.

– На телефон се јавуваат искусни лекари кои одлучуваат за итноста на состојбата, без разлика на дијагнозата. Ако е животозагрозувачка состоја, не може да се чека. Состојбата со Ковид 19 често не бара итна интервенција, додека мора брзо да реагираме во случај на инфаркт, сообраќајна несреќа или физичка повреда, вели др. Атанасовска-Трипуновска.

Таа дополнува дека докторите се дисциплинирани и одговорно постапуваат во однос на заштита од коронавирусот.

Сите имаат скафандери, визири и очила кои ги вадат од себе веднаш по враќање од интервенција, и во поставен шатор пред болницата. За секоја следна интервенција добиваат нова опрема, а возилото се дезинфицира и се остава празно 30 минути по чистењето. Во моментов има двајца позитивни доктори кои верувам дека вирусот го добиле надвор од болницата, вели Атанасовска-Трипуновска.

Таа потсети и дека треба да се почитуваат препораките на МЗ, кои ги советуваат граѓаните да носат лесна и светла облека, капа и очила за сонце. Да бидат постојано хидрирани, а доколку мораат да бидат надвор за време на високите температури, да прават паузи под сенка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот