Цветковски за „Слободен печат“: МРТВ и БНТ засега не разменуваат серии, само дописници

Директорот на Националната телевизија Марјан Цветковски вели дека деновиве одржале средба со колегите од БНТ, на која ја продолжиле редовната соработка. Не се договарале за заедничка продукција, ниту за размерна на програма, туку за отварање на дописништва во двете метрополи.

– Ова беше средба за продолжување на соработката во рамките на редовните соработки со јавните сервиси и со ЕБУ и нема врска со актуелните политички случувања. Договоривме да потпишеме нов меморандум за соработка, затоа што претходниот ни е истечен. Планирана е соработка на дневно информативна основа, во смисла на размена на информации, снимки од актуелни дневни случувања, а потоа и отварање на дописништво. Ќе испратиме наш новинар во Софија, а тие ќе испратат нивен во Скопје. Нема да испраќаме сниматели, туку дописниците ќе ги користат ресурсите на националните телевизии. Значи исто се тера како што било и претходно – вели Цветковски за „Слободен печат“.

Минатиот месец директорот на БНТ Кошлуков на Фејбук напиша дека со писмо ќе им понуди соработка на колегите во Скопје затоа што верува дека нивната улога е да придонесат за разбирање преку заеднички продукции, заеднички преноси и врски.

„Се надевам дека ќе можеме да размениме програми, филмови, да се договориме за заеднички продукции. Бугарија ќе ја понудиме една недела таму, како и Северна Македонија овде, на двете наши телевизиски станици. Благодарност до директорот Марјан Цветковски за неговата достапност и прифаќање, ги очекуваме македонските колеги наскоро во Софија. Верувам дека ако знаеме повеќе еден за друг, ќе живееме подобро едни со други. Телевизијата може да помогне и во тоа“, напиша тој.

Професорот Ивајло Дичев од софискиот универзитет во најновата колумна ја поздрави идејата на Кошлуков и предложи во Бугарија да се гледа серијата „Преспав“, а во Македонија „Прикриено“, затоа што „живата современа култура е патот кон зближување со нашите соседи“.

 

Ацески за Слободен печат: Никакви ТВ-програми нема да ги помират Македонците и Бугарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот