„Цветан Димов“ доби нова енергетски ефикасна фасада

Средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ од денеска има нова, енергетски ефикасна фасада со променет, модерен изглед во специфичен визуелен и естетски стил. Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација. Училиштето „Цветан Димов“ во Чаир денеска го посетија градоначалникот Шилегов и министерот за образование, Арбер Адеми.

„Ова е таа визија што ние како град ја имаме за тоа како всушност треба да изгледаат училиштата, местата каде што нашите деца се стекнуваат со образование. Овој зафат чинеше околу 34 милиони денари – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој додаде дека во завршна фаза е и реконструкцијата на фасадата на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ и нагласи дека Градот Скопје континуирано вложува во образованието и обезбедува подобри просторни и други услови за изведување на наставата и на воншколските активности, согласно со надлежностите на локалната самоуправа, а има добар партнер и во Министерството за образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот