Цвета од јули до септември: 12 совети за ублажување на алергијата на амброзија

Фото: Профимедиа

Амброзијата цвета од јули до септември, а достигнува кулминација во август. Сè повеќе луѓе бараат антихистаминици и кортикостероиди за да ги ублажат алергиите и последиците од нив, а еве 12 совети како да ги олесните.

1. Задолжително лекувајте се за да не се влоши болеста. Не земајте лекови против алергија без претходно да се консултирате со лекар. Само лекарот може со сигурност да утврди кои лекови се соодветни за вас

2. Најголема концентрација на полен е за време на сончевите и ветровити денови, наутро и попладне, па затоа немојте да го проветрувате станот, ниту да престојувате на отворено.

3. Во сезоната на цветање на амброзијата, прозорците на домот и на автомобилот треба да се чуваат затворени додека возите.

4. Користете климатизери со филтри за полен.

5. Дождот го мие поленот, па затоа е добро да го испланирате престојот на отворено по дожд, кога концентрацијата на полен во воздухот е најмала.

6. Ако е можно, останете во природа во подрачја со над 1.000 метри надморска височина.

7. По престојот на отворено, задолжително измијте ги рацете, истуширајте се, измијте ја косата и облеката за да спречите поленот да влезе во просторот за живеење.

8. Не сушете ја облеката надвор.

9. По потреба, носете заштитна маска за време на сувите и ветровити денови.

10. Ако имате кучиња и мачки, измијте ги и исчеткајте ги бидејќи и тие собираат полен.

11. Редовно следете ја биопрогнозата со алергиски семафор.

12. Алергијата на амброзија може да предизвика и таканаречена вкрстена алергија на полен и храна. За време на цветањето на амброзија може да се појави пречувствителност на одредени плодови, најчесто лубеница, диња, тиквички, краставица, банана, киви, камилица и сончоглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот