Цвет погача (РЕЦЕПТ)

Состојки:

800 грама брашно
200 милилитри млеко
200 милилитри јогурт
3 јајца
200 грама сирење
100 грама маргарин
1 коцка квасец
сусам
крупна сол
ким
малку масло за јадење

Подготовка:

Во малку млака вода, растопете го квасецот, а потоа во него додајте го шеќерот и мешајте додека не се растопи. Во посебен сад ставете две јајца и белка од јајце, додајте ги растопениот маргарин, растопениот квасец, млекото, јогуртот, половината од брашното и солта. Сето тоа убаво измешајте го, а потоа додајте го и остатокот од брашното. Месете со раце додека не добиете меко тесто.
Добиеното тесто премачкајте го со масло и покријте го со кујнска крпа и оставете го да отстои околу половина час.

Работната површина намачкајте ја со малку масло, а потоа истурете го тестото од садот. Измесете го во ролна, а потоа тестото пресечете го на четири поголеми и четири помали дела. Оставете го тестото да стаса. Откако ќе помине потребното време, развлечете ги поголемите топчиња со помош на сукало додека не добиете големина колку чинија за сервирање. Потоа, пресечете го секое тесто на четири дела, притоа избегнувајќи да ја сечете средината. Во средишниот дел на секое од расуканите теста, ставете по малку од сирењето. Секое развлечено тесто, завиткајте го како триаголник. Ќе добиете четири поголеми триаголници.

Секој добиен триаголник, ставете го во тавата за печење што претходно сте ја подмачкале со маргарин, така што ќе формираат цвет. Истата постапка повторете ја и со останатите четири помали топчиња. Ставете ги нив помеѓу поголемите триаголници. Со тоа, „цветот од тесто“ ќе биде готов.

Површината на погачата, намачкајте ја со жолчка од јајце и наросете ја со сусам, средишниот дел со ким, а малите делови од тријаголниците со крупна сол. Така погачата ќе добие дополнително на убавина.

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот