Цвеќето е идеален подарок за 8 Март, но внимавајте што подарувате! Гербер за мистериозност, божур за романтика…

Фото: Профимедиа

8ми Март е Денот на жената, и би било добро мажите, синовите, браќата, на време да бидат подготвени и да се организираат за на вистински начин да ги изненадат своите сопруги, мајки, сестри, пријателки…

Сигурно нема да згрешите ако за подарок одберете цвеќе. Тоа секогаш е идеален подарок за оваа прилика.

Но секое цвеќе си има своја приказна, своја симболика, која ќе ја пренесе вашата порака на саканата личност. Научете го бонтонот на цвеќето и никогаш нема за згрешите со подарокот за личноста која ви е важна.

Во продолжение прочитајте го „јазикот на цвеќето“, кое влече корени уште од викторијанската традиција.

Роза

Оваа преубава и единствена „кралица на цвеќето“ најчесто се одгледува затоа што е омилен избор за најразлични прилики. Таа секогаш испраќа отворена и јасна порака, а тоа е љубов.

Меѓутоа, дали сте знаеле дека, според популарното верување, розите имаат посебно значење во зависност од нивната боја?

Црвена – означува страст

Бела – претставува симбол за невиност и чистота

Жолта – искажува љубомора

Розова – симболизира радост и нежност

И овенатата ружа има свое значење! Доколку некој ви подари овената ружа, тоа значи дека веќе не сака да ве види.

Букет од гербери и рози

Комбинацијата на овие цвеќиња била популарна во викторијанскиот период. Истото е и денеска! Доколку добиете ваков букет бидете горди, затоа што некој сака да ви каже дека сте грациозни и неодоливи! Исто така симболизира тајна љубов и запросување.

profimedia

Орхидеја

Егзотичниот цвет со исклучителна убавина, особено е популарен и застапен на пазарот во последните години и сигурно ќе ја одушеви секоја дама. Се верува дека орхидејата симболизира деликатна убавина, љубов, восхит и префинетост, така што со овој избор сигурно ќе ѝ покажете на вашата дама колку ја цените. Во древна Кина, тие се сметале за симбол на плодноста.

Лале

Осми март е одлично време за подарување лале, кое ја симболизира пролетта, сонцето и радоста. Исто така се верува дека означува слава и совршена љубов. Денеска лалињата се достапни во најразлични варијанти кои се разликуваат по боја, густина и форма на ливчиња.

Каранфил

Овај интересен цвет повторно е популарен, поради единствениот изглед, но и поради симболиката која ја носи. Се верува дека ја искажува страста. Некогаш на овие необични цветови им се препишувала и магична моќ. Поради тоа, сопружниците си подарувале еден на друг каранфили кои би биле чувари на нивната љубов и клуч на радоста во бракот.

Profimedia

Темјанушка

Овај препознатлив цвет има долга традиција во нашата култура и претставува еден од најчесто подаруваните цветови. Некогаш се сметало дека сините темјанушки ја искажуваат верноста, а белите скромноста. Во минатото девојките им подарувале на момчињата темјанушки, за засекогаш да ги сакаат.

Profimedia

Лилјан

Цвет кој е препознатлив по својот интензивен мирис и убавина, е вообичаен подарок на свадби, затоа што ја симболизира чистотата и невиноста, љубовта и совршената врска. Во Античка Грција овој цвет ѝ бил посветен на божицата Хера, заштитничката на бракот и потомството, додека во христијанството бил симбол на Богородица.

Profimedia

Божур

Божур е раскошен цвет со интересен изглед, кој од многу одамна ги краси градините, а денеска е неопходен дел од многу цветни аранжмани и е многу присутен на пазарот со својата новостекната популарност. Симболиката на божурот доаѓа од Истокот, каде што се смета дека претставува симбол на убавина и романтика, среќен брак, како и чест и богатство.

Кај нас на овај цвет му се припишува магична моќ, па девојките го користеле да го освојат срцето на момчето кое многу го сакале, а се верувало и дека заштитува од магии, затоа се закачувало на лулката од новороденчето да ги одбие негативните енергии.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот