Цукерберг со донација од 200 милиони долари за бизниси на афроамериканци

Фејсбук исто така работи на нова содржина во рамките на социјалната мрежа што ја нарече „Lift Black Voices”, каде ќе бидат објавувани приказни за Афроамериканци, ќе бидат споделени едукативни материјали, а другите ќе бидат охрабрени да прават донации.

Откако на почетокот на овој месец објави дека неговата компанија ќе донира 10 милиони американски долари за групи што се занимаваат со прашања поврзани со расната правда, основачот и извршен директор на Фејсбук, Марк Цукерберг сега најави нова донација од 200 милиони долари за поддршка на компании што ги водат Афроамериканци.

Од тие 200 милиони, 25 милиони ќе бидат за создавање содржини поврзани со оваа тема, а 75 милиони пари во готово и кредити за рекламирање на Фејсбук ќе бидат дистрибуирани на сопственици на компании и непрофитни организации кои опслужуваат заедници на Афроамериканци.

Останатите 100 милиони ќе бидат искористени за поддршка на добавувачите. Сето ова е дел од пошироката цел на Фејсбук да троши најмалку 1 милијарда американски долари годишно за поддршка на разни добавувачи.

Фејсбук исто така работи на нова содржина во рамките на социјалната мрежа што ја нарече „Lift Black Voices”, каде ќе бидат објавувани приказни за Афроамериканци, ќе бидат споделени едукативни материјали, а другите ќе бидат охрабрени да прават донации. Компанијата, исто така, планира да обезбеди бесплатна обука за Афроамериканците преку програмата наречена Elevate, која вклучува 100.000 стипендии за студенти црнци во нивната програма за „Фејсбук план”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот