ЦУК започнува истрага за пропустите во случајот со починатиот сточар

Фото Миа

ЦУК започнува истрага за случајот со починатиот сточар од кратовско, кој почина по неколку дена во болница како последица на повредите и смрзнувањето на дел од телото. 

Комисија за утврдување на правилност во примената на стандардните оперативни процедури за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово и Куманово почна со работа и го истражува случајот со сега веќе починатиот 63-годишен човек од Емирица, информираат од Центарот за управување со кризи.

Тоа, се вели во соопштението од ЦУК, е дел од преземените активности заради целосно расветлување на случајот на координацијата и давањето помош на медицинскиот тим во кратовско, којшто го спаси премрзнатиот сточар од село Емирица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот