Утре без струја дел од општините Ѓорче Петров и Сопиште, како и дел од индустриската зона Бунарџик

Во текот на утрешниот ден во период од  07:30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе останат објектите на „ДУРА Аутомотив“, „Мурат Виринг Системс“ и „Герешајмер“ лоцирани во ТИРЗ 2 – индустриска Зона Бунарџик, во општина Илинден.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи без струја од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Кучково, лоцирани во околината на Старо Буре, општина Ѓорче Петров и во периодот од 09 до 15 часот, корисниците од улиците 2, 4, 6 и 8 во село Долно Соње – корисницитe лоцирани спроти МОСТ маркет, општина Сопиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот