ЦУК со НАТО ќе огранизира и спроведе вежба за справување со последици од катастрофи

Фото: МИА

Директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и заменик помошникот генерален секретар за операции при НАТО, Џонатан Периш, денеска ќе потпиша меморандум за соработка за организација и спроведување на 19-та вежба за справување со последици од катастрофи, именувана „Северна Македонија 2020″.

Овој документ е уникатен, потенцира Периш, бидејќи прв пат НАТО потпишува ваков документ со држава која при потпишување е дел од Партнерството за мир, а вежбата ќе ја имплементира како членка на Алијансата.

Според Буџаку, вежбата ќе биде одлична можност земјава да ги тестира своите капацитети за одговор во случај на непогода од поголеми размери.

– Република Северна Македонија се стреми кон целосна интеграција во НАТО и во ЕУ, тоа се цели кои имаат силна поддршка од јавноста и целосен политички консензус. Владата и сите државни институции работат интензивно и се целосно посветени на реализација на оваа стратешка цел, рече Буџаку.

Тој порача дека стабилна и безбедна Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО е огромен чекор напред за развој и просперитет на нашата земја, но и на целиот регион.

Периш нагласи дека нашата држава е значаен партнер на НАТО и очекува наредната година кога ќе се врати, како што рече, да бидеме 30-та полноправна членка на Алијансата.

– Овие вежби се многу поразлични од традиционалните НАТО вежби. Не се воени, туку се за справување со последиците од катастрофи и овозможуваат лицата и тимовите за прв одговор, главно цивили, но исто така и воени лица, да работат рамо до рамо да градат интероперабилност , да ги подобруваат своите вештини и да тестираат нови технологии, рече Периш.

Тој информира дека Next-Generation Incident Command System (NICS) интегрира информации од широк спектар на извори, ја олеснува комуникацијата помеѓу организациите при управување со итни ситуации, а значително ќе ја подобри брзината, координацијата и ефикасноста на одговор во случај на катастрофа.

Во Република Северна Македонија има над 750 корисници обучени за користење на овој систем и во таа насока денеска им беа доделени сертификати на министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за здравство, на Армијата, на Дирекцијата за заштита и спасување, на Воената академија во Скопје, Противпожарната бригада и на Црвениот крст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот