ЦУК предлага Собранието да ја продолжи кризната состојба

Според Законот за управување со кризи, кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена. Во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на Групата за процена во ЦУК.

Со седницата на Групата за процена раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.

Согласно дневниот ред беше оформен предлог до Управачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на потоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест „COVID-19″ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2″ и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, a можниот датум треба да биде деновите потврден.

Истовремено, велат од ЦУК, институциите во Системот за управување со кризи продолжуваат со активностите согласно Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест, а согласно планот за координирано дејствување,  донесен на Втората седница на Главниот Штаб за управување со кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот