ЦСКА водеше со 17 разлика, па загуби со тројка во последната секунда! (ВИДЕО)

Фото: parmabasket.ru

Кошаркарите на ЦСКА Москва се поразени од Парма со 97:75 во второто коло од ВТБ лигата.

Крајно возбудливо беше во руската пресметка помеѓу ЦСКА Москва и Парма Перм со одлучувачки поени во завршните секунди од мечот. ЦСКА беше таа која доминираше на паркетот, на четири и пол минути до крајот на средбата имаше голема предност од 91:74.

Но, потоа целосно различна слика на натпреварот, како во „петта брзина“ беа играчите Марекс Мејерис и Глеб Шеик и направија серија од 14:0 за некои два и пол минути од мечот, а потоа Клејбурн погоди само едно од двете слободни фрлања, а Жмако реализираше за два и намали на 92:91.

После Клејбурн, и Мајк Џејмс имаше половина учинок, а потоа Николај Жмако погодува тројка за прва предност на Парма од 94:93, па Џејмс реализираше за ново водство на ЦСКА (94:95).

Парма го имаше последниот напад, Максим Григорјев беше херојот на својот клуб и со тројка го постави конечниот епилог за 97:95.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот