ЦСКА Москва покажува интерес за македонскиот репрезентативец Алиоски

Репрезентациите на Македонија и Украина досега се сретнале петпати/ фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Од 1 јули македонскиот репрезентативец е слободен играч откако му истече официјално договорот со премиерлигашот Лидс. Пред почетокот на Европското првенство клубот од „Еланд роуд“ му понуди нов договор за нашиот играч, но и натаму нема никаков одговор од двете страни.

Уште од претходно се пишуваше дека по турските медиуми дека Фенербахче, Галатасарај и Трабзонспор ја следат ситуацијата со Езџан Алиоски.

Според најавите во Лидс би требало да дојде нов лев бек кој досега ги бранеше боите на Барселона, Хектор Жуниор Фирпо.

Денеска спортскиот новинар Николо Шира на својот Твитер профил објави дека за Македонецот после Галата, интерес покажува и рускиот клуб ЦСКА Москва.

Според „sports.ru“, агентот на Алиоски, Дино Ламберти за интересот на ЦСКА Москва истакна дека сето тоа е шпекулација и дека немало никаков контакт.

Исто така Шира напиша дека и натаму Галатасарај е во разговори со нашиот репрезентативец кој бара договор на четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот