ЦСКА Москва по осми пат на кошаркарскиот Ф4

фото: Евролига

Екипата на ЦСКА Москва по осми пат едноподруго ќе учествува на завршниот фајналфор турнир кој од 17 до 19 мај ќе се одржува во Виторија, Шпанија.Рускиот тим во четвртиот наптревар, како гостин со 92:83 ја совлада
Басконија и ја доби серијата со 3:1 во победи.

Одлучувачки момент за триумфот на ЦСКА беше серијата од 14:0 во последната четвртина кога негативата од четири поени ја претворија во недостижна предност од 86:76.

Предводник на рускиот тим беше Нандо де Коло со 27 постигнати поени, додека Кори Хигинс постигна 19. Кај домашниот тим, најпрецизен беше Винсен Поаре со 21 поен.
ЦСКА Москва на фајналфор турнирот, во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид, кој во четвртфиналето со 3:0 го елиминира Панатинаикос.

Екипата на Фенербахче, својот противник ќе го дознае на 1 мај, откако Барселона во четвртиот натпревар го победи Ефес со 82:72 и израмни на 2:2 во победи.
Кајл Кјурик со 19 поени и Анте Томиќ со 13 поени беа најрасположени за игра во редовите на Барселона, додека кај Ефес, се истакна Шејн Ларкин со 20 постинати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот