„Црвено е во Москва“: Последната титула на Манчестер јунајтед во ЛШ! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во финалето одиграно на „Лужњики“ стадионот, во англиската битка „црвените ѓаволи“ успеаја на пенали со 6:5 да го совладаат Челси.

На денешен ден (21 мај 2008 година) екипата на Манчестер јунајтед ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Во финалето одиграно во Москва (Русија) „црвените ѓаволи“ успеаја на пенали со 6:5 да го совладаат Челси.

Во регуларните 90 минути резултат беше :1, во 26 минута стрелаше Кристијано Роналдо, а израмни Френк Лампард во 45 минута на „Лужњики“ стадионот.

Во пенал серијата во Јунајтед сите беа прецизни од белата точка, освен Роналдо, додека кај лондонските „сини“ неуспешни беа Џон Тери и Николас Анелка.

Тоа беше последниот трофеј на клубот од „Олд Трафорд“ во елитното натпреварување, вкупно трет во неговата историја, а претходните две титули ги освои во 1968 и 1999 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот