„Црвените ѓаволи“ уште еднаш го разочараа „Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Трофејниот англиски фудбалски великан Манчестер јунајтед на Солскјер никако да направи позитивна серија на резултати оваа сезона.

Тимот од „Олд Трафорд” вечерва во Премиер лигата „црвените ѓаволи“ одиграа само 0:0 против Вулверхемптон во последниот саботен дуел од 25. премиерлигашко коло.

За „црвените ѓаволи“ дебитираше и новото зимско засилување Бруно Фернандеш кој после мечот рече дека е среќен од својот прв настап. Едвај го чека наредниот меч и се надева на освојување на три бода.

Со биланс девет победи, осум нерешени и осум порази, екипата на Оле Гунар Солскјер моментно е на шестата позиција на табелата со 35 бода исто колку што има и Вулверхемптон.

Падот на табелата на Јунајтед може да продолжи и в недела, доколку Тотенхем кој има 34 бода забележи победа во дербито со Манчестер сити.

Пред Манчестер јунајтед на табелата се: Ливерпул 73 бода, Манчестер сити 51, Лестер 49, Челзи 41 и Шефилд јунајтед 36.

Претходно Челзи одигра реми на гостувањето кај Лестер сити со резултат 2:2, додека продолжува доминацијата на Ливерпул кој е чекор поблиску до шампионската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот