Црвениот крст за настраданите во земјотресот во Албанија собра над 9,3 милиони денари

Заклучно до 12 декември се собрани 9.301.612 денари за настраданите во земјотресот во Албанија, што се случи минатиот месец, соопштија од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Средствата се собрани со донирање преку телефонските броеви за донации од Македонски Телеком 143 400 и од А1 Македонија 143 400 и во сметката на фондот за солидарност 300000001327966, истакнуваат од Црвениот крст и им се заблагодаруваат на сите граѓани, компании и институции во државата за несебичната помош и поддршка за настраданите во земјотресот.

Заинтересирани лица и компании, како што се посочува, може и понатаму да донираат преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966, а граѓаните од други земји може да донираат во Црвениот крст преку Комерцијална банка АД Скопје, ул. „Орце Николов” бр.3, на сметка 300000000000133 25730522-11, Swift code: KOBSMK2X и Iban code: MK07300701000001228.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот