Црвениот крст ги осуди американските челници заради неодговорни политики при пандемијата

epa08519169 Doctors from the Armed Forces carry out rapid COVID-19 tests to Yanomami indigenous people in the Waikas region of Auaris, Brazil, 30 June 2020. EPA-EFE/Joedson Alves -FOTOGALERIA-

Во Латинска Америка и на Карибите се проценува дека за три месеци би можеле да починат повеќе од 400.000 луѓе ако не се преземат построги санитарни мерки, според Панамериканската здравствена организација (ОПС).

Американскиот континент плаќа висока цена за коронавирусот поради „неодговорните политики“ на некои челници како Доналд Трамп и Жаир Болсонаро, оцени висок службеник од Црвениот крст.

Бројни челници од тој континет се „неодговорни“, изјави претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Рока и нагласи дека не се работи само за Бразил и САД.

„Американскиот континет плаќа највисока цена за своите политики кои не ги следат ставовите на научната заедница“, им рече тој на новинарите во текот на виртуелниот брифинг. „Вирусот е политизаран, тоа е смешно“, додаде тој.

САД со пандемијата се најзафатена земја на светот со најмногу починати, над 127.000 и најмногу заболени, повеќе од 2,6 милиони, а втор е Бразил со околу 60.000 смртни случаи и 1,4 милиони заразени.

Многу зафатени се и Перу, Чиле и Мексико

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро „ги потцени последиците од ковид и неговата земја ги трпи последиците“, рече Рока и потсети дека Болсонаро коронавирусот го спореди со „грипче“ и се бунеше против мерките за ограничување на движењето и затворањето на продавнциите. „Сега тие резултати се тука, пред очите на светот“, изјави Рока.

Тој потсети дека на американскиот континент многу се зафатени и Перу, Чиле и Мексико.

Во Латинска Америка и на Карибите се проценува дека за три месеци би можеле да починат повеќе од 400.000 луѓе ако не се преземат построги санитарни мерки, според Панамериканската здравствена организација (ОПС).

Во светот од пандемијата на ковид-19 починаа над 511.000 лица и има над 10,5 милиони случаи, и далеку е од крајот, неодамна предупреди СЗО.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот