Црвени намирници за балансирана исхрана

Карактеристично за црвените намирници е што содржат ликопен, кој ја заштитува нашата кожа, помага во одржување на здрави епителни клетки.

Очигледниот избор на црвена храна е домати, црвени пиперки, јагоди, цреши, ротквици, црвен кромид, некои видови сливи, црвено јаболко, калинки, розов грејпфрут, лубеница, брусница, рибизли…

Црвената храна ја штити кожата до штетните влијанија на УВ-зраците. Бојата доаѓа од каротеноидот познат како ликопен, кој е антиоксиданс кој ги штити белите дробови, дебелото црево, хранопроводот, брадавиците и кожата. Кај мажите кои редовно имаат црвени намирници во исхраната се забележани 30-40% намалени изгледи за рак на простата.

Според италијанските студии за нутриционизам, секој треба да изеде најмалку седум порции домати неделно за да го сведе на минимум ризикот од рак на некој од гастроинтестиналните органи. Со редовно консумирање на црвени намирници, вашата кожа е помалку чувствителна на сончевите зраци. За да го почувствувате максималниот ефект од доматите, комбинирајте ги во салати зачинети со маслиново масло.

Како да вклучите повеќе црвени намирници во исхраната:

– Додавајте гоџи, брусница и јагоди во смути

– Пијте најмалку една чаша сок од брусница во денот

– Збогатете ја салатата со парчиња црвена пиперка, ротквица и црвен кромид

– Направете салса од домати и црвени пиперки

– Двапати неделно јадете супа од домати

– Со скарата направете прилог од потпечени домати, пиперки и кромид, зачинет со маслиново масло

– Јадете црвени јаболка

– Користете сушено шумско овошје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот