Црвена звезда повторно во обид да го ангажира Несторовски

EPA/CORRADO LANNINO

По исфрлањето на Палермо во третата лига во Италија, македонскиот репрезентативец е еден од најбараните фудбалери на тимот од Сицилија. По неколку италијански прволигаши кои пројавија интерес за потпис со македонскиот голгетер, сега ви трката влезе и шампионот на Србија, Црвена звезда.

„Црвено-белите“ се свесни дека Ричмонд Боачи на лето ќе ја напушти екипата, и затоа почнаа потрага по расен но и брз напаѓач со кој би се обиделе и наредната сезона да настапуваат во Лигата на шампионите. Изборот на управата на
Црвена звезда падна токму на македонскиот репрезентативец кој сезонава на 26 натпревари за Палермо во Серија Б, постигна 14 голови.

Несторовски и минатата година беше поврзуван со трансфер во Црвена звезда но српскиот тим немаше пари да го откупи неговиот договор, а не го прифати предлогот на Палермо, да плати милион евра за едногодишна позајмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот