Црвена звезда нема да игра во ЛШ, пеналите кобни за „црвено-белите“

epa08673794 Fotis Papoulis (R) of Omonia Nicosia in action against Milos Degenek (L) of Red Star Belgrade during the UEFA Champions League third round qualification match between Omonia Nicosia vs Red Star Belgrade at the GSP stadium in Nicosia, Cyprus, 16 September 2020. EPA-EFE/SAVVIDES PRESS

Српскиот шампион оваа сезона нема да настапува во групната фаза од Лигата на шампионите откако се сопна во третото квалификациско коло.

Црвена звезда загуби од Омонија Никозија и тоа во пенал рулетот откако во регуларниот дел беше 1:1.

Кипарскиот тим повеќе во 31. минута преку Михаел Лифтнер, а во финишот од првото полувреме Мирко Иваниќ израмни на 1:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Во пенал рулетот, трагичари на Црвена звезда беа Диего Фалчинели и Милош Дегенек кои ги промашија своите шутеви, додека играчите на Омонија беа прецизни и обзбедија пласман во плеј-офот за пласман во ЛШ, додека српскиот тим ќе игра во плеј-офот за пласман во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот