27.8 C
Скопје

Црвена звезда на чекор до титулата во АБА лигата, неверојатен натпревар во Белград

Кошаркарите на Црвена звезда дојдоа на чекор од освојување на титулата во АБА лигата откако во драматичен натпревар го совладаа Будуќност со 85:79 и поведоа со 2:0 во финалната серија која се игра до три победи.
Првата шанса да дојдат до титулата, „црвено-белите“ ќе имаат во сабота во Подгорица.
Вториот натпревар во финалната серија понуди фантастична кошарка, кошаркарите на Црвена звезда доминираа во првото полувреме кога имаа предност од дури 20 поени (37:17), но во третата четвртина Будуќност направи неверојатен пресврт, го добија третиот дел од 29:8 и поведоа со 61:70.
Во последната четвртина „црвено-белите“ кои претходно промашија дури 11 шута за три поени по ред, успеаја да се вратат во игра и тоа благодарение на Добриќ кој е најзаслужен за серијата од 13:0 со кој неговиот тим поведе со 78:74.

Потоа се играше поен за поен, а со тројката на Ивановиќ, Будуќност поведе со 78:79 , но Добриќ возврати со тројка за 81:79 по што со добра игра во одбраната успеаја да ја сочуваат предноста и на крајот да дојдат до конечна победа од 85:79 и со предност од 2:0 во победи да одат во Подгорица на третиот натпревар.
Огњен Добриќ со 27 поени беше најдобар во тимот на Црвена звезда, Џордан Лојд постигна 16 поени додека как Будуќност, Данило Николиќ уфрли 26 поени.

Поврзани вести

Евро 2020, Захариевски: Не треба да има замерки за фудбалерите, тие се борат, го даваат максимумот и треба да бидеме горди на нив

Зоран Спасоски

ВИДЕО: Шведска од пенал до прва победа на Евро 2020

Слободен печат

Меси мора да ја заврши кариерата во Барселона

Слободен печат

Фудбалерите од Букурешт се преселија во Амстердам

Слободен печат

Крај на кариерата за Данецот, Ериксен е опериран

Слободен печат

Тага во Торино, почина човекот кој го направи Јувентус фудбалски гигант

Слободен печат

Остави Коментар