Црвена звезда ја прекина победничката серија, Ефес е газда во Истанбул

фото: euroleague.net

Првото полувреме помина во израмнета игра (31:32) на двете екипи кои имаа свои моменти, шпанскиот тим во првата четвртина, додека „црвено-белите“ во втората. Одлучувачка за победникот беше третата четвртина во која Басконија постигна двојно повеќе поени од кошаркарите на српскиот тим (12:24) по што во последниот период рутински ја одржуваа предноста.

Ник Стаускас со 22 и Торнике Шенгелија со 19 беа најдобри во таборот на шпанскиот клуб, додека Лоренцо Браун со 20 поени беше единствен расположен во таборот на Звезда.

Дербито на Истанбул му припадна на Ефес кој со 81:73 го совлада Фенербахче. Идентично на натпреварот во Белград, и во Истанбул одлучувачки момент за победникот беше третата четвртина која му припадна на Ефес со 21:11. Крунослав Симон со 22 поени беше најдобар поединец кај Ефес, додека Ларкин уфрли 20. Кај Фенербахче единствен расположен беше Дерик Вилијамс со 16 поени.

Химки беше убедлив против Алба Берлин со 104-87. Букер со 24 и Швед со 22 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај гостите Гиедраитис уфрли 17 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот