Црвена Звезда им се врати на победите во Евролигата (ВИДЕО)

euroleague.net

Кошаркарите на Црвена Звезда во Каунас ја совладаа екипата на Жалгирис со 61:59, во натпревар од 10. коло во Евролигата.

Во неизвесен меч пресуди подобрата одбрана на „црвено-белите“ и прецизното изведување на слободните фрлања. Србите во наредното коло ќе ја пречекаат екипата на Валенсија, додека Литванците на гости одат кај Алба.

Кошаркарите на Црвена Звезда во Каунас ја прекинаа серијата на лоши резултати и во 10. дуел сезонава го забележаа третиот триумф во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Во еден драматичен и тежок дуел, Црвена Звезда до триумфот стигнаа благодарение на дефанзивата и слободните фрлања во чиј сегмент скоро беа максимално прецизни (18/20).

Жалгирис имаше неколку шанси да поведе во завршницата, но играчите на Јасикевичиус не успеаја, па го претрпеа седмиот пораз во Евролигата.

Били Берон беше најефикасен во победничките редови со 14 поени, два помалку запиша Лоренцо Браун. На спротивната страна по 11 поени имаа Улановас и Григонис, додека Лендејл додаде 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот