Црвена Звезда и Реал имаат еден заеднички проблем!

facebook.com/crvenazvezdafk/

Завршено е првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а Реал Мадрид и Црвена Звезда се двете екипи кои покажаа најмалку, барем во офанзивниот дел.

Фудбалерите на Зидан претрпеа вистинска „катастрофа“ на стартот од новата сезона во ЛШ, францускиот шампион без Мбапе, Кавани и Нејмар славеше дури со 3:0.

Играчот од средниот ред на Реал, Каземиро по поразот истакна дека тимот не треба да бара изговори.

– Имавме добри моменти. Постигнавме два гола кои не беа уважени, но не можеме да бараме изговори. Ни недостасува интензитет. Влеговме на теренот подготвени да се предадеме на играта целосно и затоа не треба да ни се замерува за високиот пораз. Имаме многу да поправиме, но ќе има време за тоа – рече Каземиро.

Ова на „кралевите“ им се случува за првпат после 15 години, иако во Париз имаат тројца квалитетни напаѓачи Азар, Бензема и Герет Бејл.

Реал на овој меч не запиша ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, а ваква негативна статистика имаше и Црвена Звезда во гостинскиот пораз од Баерн Минхен (3:0).

Да додадеме уште дека Реал и Црвена Звезда ќе имаат да го поправат впечатокот пред домашните навивачи во второто коло против Клуб Бриж, односно Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот