Црвена Звезда „грми“ кон судиите, имаше ли пенал за Копенхаген? (ВИДЕО)

принтскрин/You tube/DK FOOTBALL DAY

Црвена Звезда на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград одигра нерешено 1:1 против Копенхаген, поволен резултат кој што повеќе им одговара на Данците.

Пред крајот на првото полувреме „црвено-белите“ поведоа преку Павков, а гостите израмнија благодарение на Винд од пенал во 84 минута од средбата.

Динамо Загреб исто така ремизираше 1:1 на својот „Максимир“ против Ференцварош во чиј состав не беше македонскиот репрезентативец Стефан Спировски.

Уште во седмата минута во позитива беа Хрватите кога стрелаше Олмо, а Унгарците израмнија преку Сигер. За домаќините целиот меч го одигра нашиот играч Аријан Адеми.

Трето квалификациско коло (Лига на шампиони)

Резултати, први натпревари –

АПОЕЛ-Карабах 1:2
ПАОК-Ајакс 2:2
Динамо Загреб-Ференцварош 1:1
Клуб Бриж-Динамо Киев 1:0
Црвена Звезда-Копенхаген 1:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот