Црвена звезда го уништи Баерн, Фенербахче ја прекина серијата порази

фото:euroleague.net

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва го декласираа Баерн Минхен со 93:63 во 17. коло од Евролигата. Победата изразена од 30 поени разлика е највисока за „црвено-белите“ во историјата на Евролигата.

Пред 16.824 гледачи во „Штарк“ Арената, домашмните кошаркари уште во првата четвртина го најавија убедливиот триумф откако ја решпија во своја корист со 25:13. На крајот, кошаркарите на Звезда дојдоа до најубедливата победа, надминувајќи го триумфот над Макаби од 25 поени (83:58).

Турскиот Фенербахче со триумфот на гости во Пиреја кај Олимпијакос од 87:96 ја прекина серијата од четири порази по ред и најави излез од големата криза. Неверојатен беше Нандо ДеКоло со 32 постигнати поени.

Жалгирис Каунас пред своите гледачи благодарение на пресвртот во второто полувреме, славеше против Макаби Тел Авив со 73:68.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот