Црвена за страст, сина за смирување: Лековитите својства на боите околу нас

Бои/Принтскрин

Постои верување дека секоја боја има одредени лековити својства, но и дека влијае врз емоциите и енергијата која тече низ нашето тело.

Така, црвената боја ја поттикнува сексуалната енергија, индиго сината има позитивно влијание врз респираторните заболувања, сината го олеснува дишењето, а жолтата превентивно делува врз кожните инфекции.

Силните бои предизвикуваат силни телесни реакции, додека пригушените пастелни тонови смируваат. Најмала бранова должина има лилјаковата боја, потоа сината, па зелената. На средина се наоѓа жолтата, потоа портокаловата и на крај црвената, која е крај на спектарот видлив со голо око. Ултравиолетовото зрачење ако е правилно дозирано може да има и лековити, но во големи количини има деструктивни својства.

Поборниците на обоената терапија веруваат дека секој човек зрачи со посебна боја. Според Хипократ, постоеле четири типови на темперамент: црвен, жолт, зелен и син, во кои црвените се најтемпераментни, додека сините се меланхолични.

Црвената боја во својот спектар вибрира со животна сила и самодоверба. Во многу култури е дел од свечените церемонии, а ги поттикнува љубовта и сексуалноста, страста, самодовербата… Од здравствен аспект поттикнува подобра работа на дигестивниот систем и подобра циркулација.

Зелената е боја на раѓањето, плодноста и животот. Има смирувачки ефект. Таа е една од најзастапените бои во природата. Се верува дека го подобрува видот, помага при воспаленија и ја поттикнува работата на срцето.

Жолтата нè прави здрави и среќни, полни со позитивни емоции. Потсетува на сонце, а многу култури ја прифатиле како боја на креативната енергија и на опстанокот. Ако сакате да се ослободите од трема, носете барем еден жолт детаљ на себе. Оваа боја благотворно делува врз дијабетичарите.

Сината е симбол на мудроста и душевниот мир. Таа се поврзува со емоционалната стабилност и смирувањето на страстите. Оваа боја е и симбол на потрагата, но и на запознавањето со себе. Сината боја е добра и за полесно заспивање, а од здравствен аспект, олеснува болки и на болните им дава сила да издржат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот