ЦРВЕНА ТРЕВОГА ЗА СИНАТА ПЛАНЕТА: Климатските промени ја уништуваат земјата

Фото: Профимедиа

Од планинските врвови до длабочините на најголемите светски океани, климатските промени ги уништуват морињата и замрзнатите региони како никогаш претходно, објави Би-Би-Си.

Научниците-панелисти на Обединетите нации (ОН) информраат дека нивоата на водите се зголемуваат, мразот се топи и видовите се преселуваат поради човечки активности. Топењето на трајното замрзнатите региони поради затоплувањето е закана и за зголемување на нивоата на јаглерод.

Постои надеж дека најлошите влијанија може да се избегнат, со длабоки и итни акции за ограничување на емисиите на јаглерод.

Ова е третиот од серијата на специјални извештаи кои се создадени од Инервладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) во последните 12 месеци.

Научниците претходно разгледуваа како светот би се снашол доколку температурите би пораснале за 1,5 степени Целзиусови до крајот на овој век. Тие исто така истражуваа како земјиштата на Земјата би биле погодени од климатските промени.

Како и да е, оваа нова студија, го разгледува влијанието на зголемувањето на температурите во океаните и трајно замрзнатите региони, и најверојатно е најзагрижувачки проблем од сите претходно споменати прашања.

Накусо, водите стануваат потопли, мразот се топи многу побрзо, а двата проблема имаат директни импликации за речиси сите живи видови на планетата.

– Сината планета е во сериозна опасност во моментов, страда од многу закани кои доаѓаат од различни страни и се е наша вина – изјави лекарот Жан-Пиер Гатузо, еден од авторите на истражувањето.

Научниците се „практично сигурни“ дека температурите на глобалните светски води без пауза растат уште до 1970 година. Водите примиле повеќе од 90 отсто од дополнителната температура создадена од луѓето во последните декади, и со овој интензитет таа е двојно зголемена од 1993 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот