„Црвена револуција“ на Клоп, две засилувања за тим на соништата

фото: twitter/liverpoolfc

Јирген Клоп во текот на вчерашниот ден на голема радост на навивачите на Ливерпул, го продолжи договорот до 2024 години, по што веднаш започна со планови за засилување на екипата.

Според меидумите на островот, Клоп планира да продаде двајца фудбалери до крајот на сезоната, Дејан Ловрен кој би си заминал уште во зимскиот преоден рок доколку пристигне задоволителна понуда, но и изненадувачки на трансфер листата ќе биде ставен и Мохамед Салах.

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул во последните две сезони, не е во најдобри односи со Клоп но и со неколку фудбалери, пред се Садио Мане, и најверојатно идното лето ќе биде продаден. Најголем интерес за услугите на Салах покажува Реал Мадрид кој ќе мора да издвои најмалку 150 милиони евра доколку сака да го купи фантастичниот египетски репрезентативец.

Медиумите во Англија тврдат дека работата со Салзбург е веќе завршена и Минамино во зимскиот преоден рок ќе потпише за европскиот шампион, а на листата на желби се наоѓаат уште две супер ѕвезди, Калиду Кулибали и Нејмар.

twitter/Bleacher Report

Планот на Клоп е со парите заработени од евентуалната продажба да се ангажира Кулибали од Наполи, со што Ливерпул со него и со Ван Дајк би имал вистински бедем пред голот на Алисон.

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Клоп верува дека ќе успее да го натера Нејмар да потпише за Ливерпул со што би било многу поблиуску до освојување на златната топка. Германецот веќе добил зелено светло од сопствениците на „црвените“ да разговара за евентуален трансфер на Нејмар кој би го чинел клубот најмалку 200 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот