Црвен крст: Подготвени сме да понудиме помош за настраданите од земјотресот во Турција

Фото: EPA-EFE/STR

Црвениот крст соопшти дека е во комуникација со Турската Црвена полумесечина и дека е подготвен да понуди помош доколку биде потребна за настраданите по серијата земјотреси, што на 24 јануари го погодија источниот дел на Турција, во кои загинаа најмалку 38 лица, над 1.600 беа повредени, а беше предизвикана и голема материјална штета.

Согласно изјавите на потпретседателот на државата Фуат Октај и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, како што се посочува, засега не e потребна дополнителна меѓународна хуманитарна поддршка.

Црвениот крст изразува сочувство за настраданите лица и нивните семејства од земјотресите, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот