Црвен крст организира активности за Неделата на грижа за стари лица

Црвен крст на град Скопје од денеска до 24. месецов организира активности во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”.

Во рамки на неделата на грижа за стари лица се планира посета на дневен центар за стари лица од страна на центар за деца со церебрална парализа, информативни точки, фестивал на пензионерски хорови, како и посета на старски дом „Мајка Тереза” и „Вита Ве”. Централниот настан –  национална конференција „Здраво стареење и социјални сервиси за старите лица” ќе се одржи утре.

Сервисот Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”, е поддржан од Град Скопје, Албиз Фондацијата и швајцарскиот Црвен крст. Целта на програмата е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата на активности се вклучени 195 стари лица во домашни услови и повеќе од 1 000 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица. Активностите ги спроведуваат медицински персонал и волонтери на Црвен крст на град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот