Црвен картон за расизмот во Германија

Фудбалската федерација на Германија соопшти дека екипите од третата лига, судиите и децата кои ги следат фудбалерите при излегувањето на терен ќе носат маици со мотото „Црвен картон за расизам“.

Фудбалските екипи во третото по квалитет натпреварување во Германија овој викенд ќе носат специјални маици со пораки против расизмот и дискриминација по терористичкиот напад во Ханау како и расистичкиот испад на навивачите на Шалке кои го навредуваа фудбалерот на Херта, Џордан Торунариги.

Поради тоа, Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) соопшти дека екипите од третата лига, судиите и децата кои ги следат фудбалерите при излегувањето на терен ќе носат маици со мотото „Црвен картон за расизам“.

Исто така пред стартот на сите натпревари ќе има минута молчење и ќе биде положено цвеќа за жртвите на нападот во Ханау во кој германски радикален десничар уби девет лица со странско потекло.

– Стоиме заедно против секој што ги напаѓа нашите вредности – изјави Фриц Келер, претседателот на ДФБ, зборувајќи за реакцијата на навивачите кога еден фан на Минстер со мајмунски извици го навредуваше Лерој Квадво, фудбалер на Вирцбургер кикерс.

Реакцијата на останатите навивачи на Минстер беше воодушевувчка, тие почнаа да извокуваат „Нацисти надвор“.

Прочитајте и...  Мислеле дека е шега: Меркел се обидела телефонски да им се заблагодари на пожарникарите, тие и спуштиле слушалка

– Реакцијата и единството на навивачите и екипите се импресивни, како со срамната епизода в Минстер, така и сега кога во прашање е борбата против расизмот – истакна Келер.

Прочитај повеќе

Лазаров: Седумката ја носам поради Кукоч, а Вардар му е потребен на македонскиот народ!

Слободен печат

МЗТ со предлог до АБА доколку предвреме заврши првенството

Слободен печат

Храбар или луд потег: Ванда Нара децата од Париз ги однесе во жариштетот на коронавирусот-Ломбардија

Слободен печат

Бензема за споредбите со Жиру: Не може да споредувате Формула 1 со картинг

Слободен печат

ОФИЦИЈАЛНО: Олимписките игри во Токио ќе стартуваат на 23 јули 2021 година

Слободен печат

Ѕвездите на Барселона попуштија, се согласија на намалување на платите од 70 проценти

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Секси новинарки во карантин (ФОТО)

Слободен печат

Роналдо го навлече бесот на јавноста: Без заштита ги шеташе децата (ФОТО)

Слободен печат

Коронавирусот ги топи парите во спортот

Слободен печат

Коронавирусот одзеде живот на европски шампион во бокс

Слободен печат

Поранешна НБА ѕвезда на Њујорк му донира 10 милиони заштитни маски

Слободен печат

Јунајтед за 150 милиони евра најде идеален партнер за Бруно Фернандеш

Слободен печат