Црното злато повторно сјае: Цените на нафтата на највисоките нивоа за една година

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела скокнаа за над шест проценти и достигнаа највисоки нивоа во една година, благодарение на дисциплината ОПЕК во одржување на договорените нивоа на производство и очекувањата дека заздравувањето на економијата ќе ја зајакне побарувачката за „црно злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за повеќе од шест проценти, на 59,34 долари, близу до највисокото ниво од крајот на февруари минатата година, пишува Seebiz.

На американскиот пазар, пак, барелот порасна за скоро девет проценти, на 56,85 долари, недалеку од највисоките нивоа од крајот на јануари минатата година. Силниот пораст на цените на нафтата во најголем дел се должи на дисциплината ОПЕК во спроведувањето договори за намалување на производството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот