Црногорскиот висок полициски службеник, Елезовиќ, кој исчезна во Албанија, бил убиен

Безживотното тело на маж, кое беше пронајдено во местото Свети Ѓорѓе кај Улцињ е на црногорскиот висок полициски службеник Рудолф Елезовиќ (54), кој како исчезнат се водеше од 27 мај.

Исто така обдукцијата утврдила дека тој бил застрелан со еден куршум во главата пред десет дена, што значи неколку дена по неговото мистериозно исчезнување на албанска територија.

-Од истрагата се дознава дека тој бил убиен на друго место а телото било фрлено во реката Буна, чии води го исфрлиле кај Свети Ѓорѓе кај Улцињ, со цел на сторителите да им се изгуби трагата, пренесуваат албанските медиуми.

Елезовиќ кој е поранешен прв човек на полицијата во Улциљ, бил началник на секторот за сузбивање на недозволена трговија со наркотични средства, во последниот период неколкупати ја минал црногорско-албанската граница, врз основа на билатералните договори на полициите на двете земји а следел кримнални групи кои шверцувале дрога од Албанија кон други европски земји.

Исчезнувањето на Елезовиќ го пријавила сопругата Марина откако од 27 вечерта му се губела секаква трага на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во областа меѓу селата Пентар и Реч. Последен регистриран контакт бил со негов близок роднина кому му кажал дека чека лице во близина на областа Пентар на реката Буна за да го пренесе со чамец на црногорската страна.

По ова, истрага почнаа и надлежните органи од северниот албански град Скадар а беше пребарувано и во реката Буна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот