Црногорскиот премиер ја симна маската и најави отворање на границите на 1 јуни

Нагласи дека Црна Гора беше последна држава во Европа во која е регистран вирусот и прва во Европа која го победи.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ денеска најави, откако Црна Гора стана прва држава во Европа без коронавирус, дека земјата ќе ги отвори границите на 1.јуни.

Марковиќ, кој на почетокот на обраќањето на нацијата ја симна маската и појасни дека овој потег е врзан со тоа што Црна Гора стана прва европска држава која на своето тло нема заразени од коронавирус, најави дека земјата од 1. јуни ќе ги отвори границите за жителите на оние земји во кои бројот на заразени е помал од 25 во однос на 100.000 жители.

„Први земји со кои ќе ги отвориме границите се Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија, Германија, Албанија, Грција“, соопшти Марковиќ.

Најави дека следната недела ќе почнат со работа градинките и игротеките и ќе бидат дозволени и свадби, крштевки како и ограничен број на публика на спортските настани.

Потсетувајќи дека 68 дена по првиот регистриран случај во Црна Гора нема заболени од коронавирус, црногорскиот премиер рече дека стратегијата на неговата влада била вирусот да се запре на границите на државата. Црна Гора, рече тој, „не се грабаше за респиратори“ и ги има повеќе од доволно.

Нагласи дека Црна Гора беше последна држава во Европа во која е регистран вирусот и прва во Европа која го победи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот