Црногорски морепловец осуден за шверц на 20 тони кокаин

Фото: EPA/Andres Cristaldo

Црногорскиот морепловец Бошко Марковиќ (39) е осуден на седум години затвор пред американскиот суд за вмешаност во шверц на 20 тони кокаин во 2019 година во Филаделфија.

Според обвинителите, неговата улога била да го следи шверцот и криењето на наркотични средства на бродот „МСЦ Гајане“, пренесува подгоричкиот портал ЦдМ, пишувајќи го весникот „Анкер“.

Како што се наведува, Марковиќ требало да добие повеќе од милион долари за таа работа.

Тој е најстариот член на екипажот на МСЦ Гајане и уапсен од федералните власти откако беа запленети 20 тони кокаин во Филаделфија во јули 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот