Црногорски мафијаш изрешетан на улица во Шпанија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Убиениот Перуничиќ кај себе имал босански документи и одамна не живеел во Црна Гора.

Црногорецот Милош Перуничиќ, близок до Алан Кожар, ликвидиран е на 100 метри од куќата во која живеел во Марбела, откако пред 8 месеци излегол од затвор.

Тој на органите на редот им бил познат како дилер на дрога и близок соработник на Кожар, водачот на барскиот клан кој веќе некое време е во бегство, и како што се сомнева, се крие во Шпанија.

Перуничиќ е ликвидиран среде бел ден додека шетал по улица. Сведоци велат дека му се доближил маж во морнарска облека и со маска за мотор на глава и од автоматско оружје испукал десетина куршуми.

Еден од куршумите, според шпанската полиција завршил во главата на Перуничиќ кој починал на самото место, додека напаѓачот бегал прво пешки, а потоа се качил на мотор и исчезнал.

Прочитајте и...  Нови „бомби“ за Заев: Преку посредник договарал соработка со Мијалков?

Полицијата соопшти дека е приведено лице кое е осомничено за злосторството но не даде други детали ниту пак дали имал сооучесник со оглед на тоа дека очевидци тврделе дека биле двајца сторители.

Убиениот Перуничиќ кај себе имал босански документи и одамна не живеел во Црна Гора. Пред 8 месеци излегол од затворот во Кадиз.

Прочитај повеќе

Грчките демонстранти ја нападнаа полицијата, во тензична атмосфера донесен законот за јавни собири (ВИДЕО)

МИА Агенција

Мајка херој: Пред да загине во пожар – го фрли од тераса тригодишниот син, го фати маринец и го спаси (ВИДЕО)

Слободен печат

Седум судански министри поднесоа оставка

Слободен печат

Дел од Карпош утре без вода

Слободен печат

Шекеринска: Ние не плаќавме за стиропори кои глумат мермер, напротив решивме парите да заминат во малите бизниси

Слободен печат

Моќно торнадо ја погоди Минесота, настрада маж кој работел во гаража (ВИДЕО)

Марина Дамческа

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Врховниот суд на САД донесе важна одлука против Трамп поради која тој збесна

Слободен печат

Кучиња откриваат коронавирус во Обединетите Арапски Емирати

Слободен печат

СЗО ја поддржа теоријата за пренос на коронавирусот преку аеросоли, дадоа нови насоки

Слободен печат

Брнабиќ: Со мирни протести го покажуваме демократскиот капацитет

Слободен печат

Митрески: Нашиот план е до 2024 година да отвориме околу 80 отсто од поглавјата со ЕУ

Слободен печат

Мицкоски: Ние се бориме против оние кои го хушкаат народот за да си делат тендери, да возат „мајбах“

Слободен печат