Црногорски ФЗО: Србија на граница заплени три респиратори наменети за Црна Гора

Од петте респиратори што црногорскиот Фонд за здравствено осигурување (ФЗО) ги нарача од претставници на шведски производител, вчера три беа задржани на границата со Србија, а потоа и конфискувани, потврди за подгорички „Вијести” директорот на Фондот Сеад Чиргиќ.

Тој одговори дека не станува збор за донација, туку институцијата потпишала договор со снабдувачот, „Фармонт”, а испорачани се два апарати. Чиргиќ објасни дека според информациите на снабдувачот, трите преостанати респиратори се запленети.

– Што се однесува до трите респиратори, не можеме да сметаме на нив бидејќи тие беа конфискувани од страна на Република Србија. Апаратите се нарачани од претставник на шведскиот производител на респиратори со седиште во Србија.  Но со оглед на тоа дека за тој вид опрема е воведена забрана, испорака не е можна, изјави Чиргиќ за „Вијести”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот