Црногорската Влада ќе инвестира 155 милиони евра во Монтенегро ерлајнс

Фото: EPA-EFE/MAURITZ ANTIN

Црногорската Влада предложи докапитализација на националната авиокомпанија Монтенегро ерлајнс со инвестирање на 155 милиони евра во следните шест години за да се покријат доспеаните обврски на компанијата кон доверителите и инвестициите во развој.

Владата ова го објави по синоќешната седница, прецизирајќи дека во сумата биле вклучени и до 50 милиони евра нето за набавка на нови црногорски авиони, соопшти РТЦГ.

– На денешната седница, со која претседаваше премиерот Душко Марковиќ, Владата го утврди Предлог-законот за инвестирање во консолидација и развој на Друштвото за транспорт на патници и стока во воздушниот сообраќај Монтенегро Ерлајнс со што се создаваат основни предуслови за пазарно работење на црногорскиот национален авиопревозник – се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот