Црногорската опозиција обединета во Граѓански блок ќе настапи на парламентарните избори

Фото: Профимедиа

Пред парламентарните избори во Црна Гора што се закажани на 30 август, претставниците на поединечни партии формираа Граѓански блок, објави подгоричкиот весник „Вијести”.

Граѓански блок ќе учествува на изборите како предизборна коалиција, сочинета од Демократска Црна Гора, Демос, Нова левица, Партија на пензионерите, инвалидите и реституција и Друштво за истражување на политиката и политичките теории.

Во заедничкото соопштение се наведува дека одлуката ја донеле бидејќи дел од опозициските партии ја одбиле можноста за бојкот на изборите, а исто така и поради неможноста да се формира единствена опозициска листа поради поединечни политички партии.

Во соопштението се наведува дека се отворени за сите други граѓански политички субјекти, интелектуалци и истакнати поединци.

Граѓански блок наведува дека нападите помеѓу опозициските партии се во корист на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот