Црногорската економија пред колапс: Ова се податоците кои најавуваат катастрофа

Оценката на кредитниот рејтинг на државата е важна за кредитната способност, а негативниот рејтинг значи тешки и поскапи задолжувања.

Рејтинг – агенцијата „Standard and Poor’s“ прогнозира дека црногорската економија годинава ќе забележи пад од 7,8 отсто бидејќи домашната и надворешната побарувачка се ослабени поради пандемијата од корона вирусот.

Светска банка очекува пад од 5,6 до девет проценти, а Меѓународниот монетарен фонд девет отсто, пренесува „Танјуг“.

Рејтинг – агенцијата очекува како и во повеќето други земји и во Црна Гора пандемијата да има негативни последици за црногорската економија.

Во новиот извештај таа ги промени шансите на кредитниот рејтинг на Црна Гора од стабилен во негативен, односно од оценка „В + на В“.

Оценката на кредитниот рејтинг на државата е важна за проценка на кредитоспособноста, а негативен рејтинг значи потешки и поскапи задолжувања.

Ова според проценката на експертите значи дека Црна Гора е на само едно скалило до пад во шестата, најлоша категорија на кредитниот рејтинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот