Црногорка заразена со коронавирус роди здраво бебе тешко 4 килограми: Тестирано е и одвоено од мајката!

Тој истакна дека породувањето е направено по пат на царски рез и дека бебето е добро.

Раководителот на медицинскиот кризен штаб во Црна Гора, Ранко Лазовиќ информираше дека во приватна болница се породила жена која е позитивна на коронавирусот.

Тој истакна дека породувањето е направено по пат на царски рез и дека бебето е добро.

-Бебето тежи 4.300 грама, станува збор за машко бебе. Бебето е тестирано и одвоено од мајката, а тестот ќе се повтори утре. Се надеваме на најдоброто- рече Лазовиќ.

Во Црна Гора се заразени 233 лица, а две лица се починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот