Црногорците слават како да освоиле титула, Србите ги боли глава (ВИДЕО)

фото: EHF/Jozo Cabraja

Репрезентацијата на Црна Гора денеска дојде до премиерната победа на европските првенства откако со 22:21 ја совлада Србија во рамките на групата А.

Црногорските ракометари ја славеа победата во соблекувалната во Грац, додека на улиците низ Црна Гора фановите слават со огномет.

VIDEO – POGLEDAJTE SLAVLJE NA CETINJU NAKON VELIKE POBJEDE CRNE GORE NAD SRBIJOM!!!

Publiée par Handballme.me sur Samedi 11 janvier 2020

– Не сакам да се задоволам со оваа победа и тука за застанам иако станува збор за прв триумф на малата Црна Гора на ЕП. Не сакам ниту моите момци да се задоволат со ова, тие можат многу повеќе и тоа треба да го покажат во понеделник, да покажат големо срце во меч во голем влог. Сигурен сум дека можеме да славиме уште еднаш – изјави Зоран Рогановиќ, селекторот на Црна Гора.

За разлика од Црна Гора која доколку ја совлада Белорусија во последното трето коло ќе обезбеди пласман во наредната рунда, Европското првенство заврши за Србија.

– Доколку мене ме боли главата, тогаш сигурно ги боли и моите играчи. Јас поразите ги доживувам на посебен начин. Секогаш кога работам нешто давам се од себе, поразот мора да болиу за следниот пат да играме подобро. Овој пораз ме здоболе бидејќи ова беше натпревар дали одиме дома или одиме понатаму. Не сакам да кукам, но ни недостасуваше Вујиќ, како што минатата година не кукав кога останавме без Зеленовиќ/ Момците се потрошија во одбраната – изјави селекторот на Србија, Ненад Перуничиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот