Црно деноноќие за Хрватска со неславни рекорди: Најмногу заразени и починати

Хрватска/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватска во последните 24 часа се потврдени 3.573 случаи на коронавирус, а починаа 47 лица. Тоа е најголем број на нови дневни случаи на зараза од почеток на епидемијата.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се потврдени 100.410 случаи на коронавирус, од кои 1.304 лица починале, а се оправиле 80.027 лица.

До денеска вкупно се тестирани 667.749 лица, од кои 9.877 во последните 24 часа.

Во Загреб денеска има 822 нови случаи на коронавирус, соопшти хрватскиот завод за јавно здравство. Бројот на заразените во Загреб, во однос на вчера е зголемен за 198 случаи.

Моментално во хрватската престолнина има 3.481 активен случај, пренесуваат хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот