Црните оџаци во Чаир нема повеќе да чадат: Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ продолжува на гас

Фото: mia.mk

Завршена е гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” во Чаир што беше обележена како еден од најголемите загадувачи во Скопје од причина што досега се грееше на мазут. Во гасифицирањето на болницата се инвестирани 17 милиони денари.

Министерот за здравство Ванко Филипче, кој денеска заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, беше во посета на болницата и истака дена дека станува збор за значеаен капитален проект со кој ќе се реши проблемот со загадувањето во тој дел.

–  Оваа болница досега се грееше на мазут и беше еден од најголемите загадувачи во Скопје за што сите се жалеа. Овие црни оџаци повеќе нема да функционираат. Поставени се панели на кровот што се користат за загревање на водата во бојлерите и посебен резервоар за гас што прима компримиран гас со кој ќе се грее болницата во зимските периоди, но истовремено ќе се користи за топла вода, образложи Филипче.

Министерот за здравство рече дека вкупната инвестирана сума е 17 милиони денари со ДДВ.

– Мислам дека ова е многу значаен проект, посебно што во проектната единица кај нас во Министерството за здравство се разгледуваат и други проекти со кои ќе продолжиме. Со поддршка на Светска банка разговараме за енергетска ефикасност и за други здравствени институции. Има инвестиција во кадар, инвестиција во опрема. Сеопфатно инвестирање во секој сегмент од болниците, посебно во овој каде што болницата повеќе нема да биде загадувач, ќе се загрева на гас, истакна Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот