Црните Американци како мене очекуваат Џо Бајден да испорача

Предоцна е за враќање кон старите политики на демократите. Очекуваме радикален пресврт

Кога Џо Бајден и Камала Харис излегоа на сцената за инаугурацијата на претседателските избори во САД, почувствував бран на олеснување и возбуда. Претседател кој покажува морално водство и сочувство. Покрај него првата жена, црна и со индиско потекло потпретседателка. Моментот беше историски. Почувствував стравопочит.

Како црн Американец со бермудско потекло, од прва рака ја познавам бруталноста на расизмот во САД и како тој расизам се храбри во изминатите четири години. Но сега промената е на повидок. Минатата година, кога на мојот мобилен прочитав дека резултатите од претседателските избори се официјални, викав од радост.

Истата возбуда за можноста од обнова ја споделуваат многу други Американци што ги познавам. Една пријателка, црна мајка на три деца, која живее во мал град во Тенеси, ми рече дека плачела кога г-ѓа Харис прв пат зборуваше јавно како избрана за потпретседателка. Се чувствуваше, вели мојата пријателка, како порака до сопствените деца, порака што носи „огромно чувство на возбуда и радост за она што претстои“. Но, сега Бајден и Харис треба да ја дефинираат таа иднина и да ја испорачаат.

Прочитајте и...  Една година од првиот ковид случај во Грција: Поминаа два карантина, речиси 190.000 заразени и над 6.000 починати

За мене, претседателството на Бајден претставува враќање на разумот во САД, особено за обоените. Тоа значи дека имаме добра шанса за обнова на нашите заедници. Значи подобри животни шанси за црнците и вистинска надеж за поправедна иднина.

Четири бурни години, земјата беше натопена со расистички твитови од расистички претседател кој ги минимизираше или ги игнорираше прашањата што ја засегаат црната заедница – особено што црните луѓе поверојатно ќе умрат во рацете на полицијата отколку белите луѓе и страдаа полошо за време на пандемијата. Луѓето со боја имаат до двапати поголема веројатност да го фатат ковид-19 отколку белите и до трипати поголема веројатност да умрат, според официјалната статистика. Далеку повеќе бизниси во сопственост на црнци, „латиноси“ и азијци се затворија за време на епидемијата. Ова треба да се промени.

„Расни и општествени проблеми се испровоцираа за време на претседателството на Трамп и сега не е време да се вратиме на старо“, ми вели братучетка ми, млада црна жена претприемач во родната држава на Бајден, Далавер. „Со новиот претседател и потпретседателка, време е вистински да се обединиме и да ги истуркаме промените многу порешително и да извршиме притисок за отштета – како таа и да изгледа.“

Прочитајте и...  Протести во Тајланд: Повредени десетици демонстранти

Мислам дека е во право што бара инвестиции во црнечката заедница. Ова претседателство не може едноставно да биде продолжение на минатите демократски администрации. Поминавме премногу. Ја поминавме таа точка.

Ако Бајден и Харис сакаат да ја задржат силната поддршка од црните гласачи во следните четири години, мораат да ги вложат парите таму каде што им беа ветувањата за време на кампањата. Мораат да воспостават специфични политики што ја придвижуваат црната заедница. Мораат да одат подалеку од Барак Обама. И покрај тоа што тој беше прв црн претседател, имаше мала можност да спроведе трајни промени во политиката за расни прашања. Со демократска контрола на Конгресот и со плановите за обнова, лебди ветување во воздухот. Но, постои и чувство на големи очекувања.

Прочитајте и...  Светот до 2025 година: Бројот на богаташи ќе го надмине вкупниот број на жители на Црна Гора

Поетесата лауреат Аманда Горман јасно стави до знаење: „Се обидуваме да ја обновиме нашата унија со причина, да составиме земја посветена на сите култури, бои, карактери и услови на човекот. Така, ги креваме погледите не кон она што стои меѓу нас, туку кон она што стои пред нас.“

Секако, Бајден не е вчерашен. Откако ги промовираше своите „да се крене секој глас“ и „обнова“ за црнците и другите обоени Американци, тој знае дека ветувањата мора да ги испорача. Беше предупреден дека не може да ги земе црните гласачи здраво за готово, како што тоа долго време го правеше Демократската партија.

Написот е објавен во викенд-изданието на Слободен печат. (23-24 јануари 2021) во прилогот СП. неделник. Текстот е преземен од Financial Times (ЛОНДОН) со претходна дозвола од издавачот.

 

 

 

Поврзани вести

ВИДЕО | Заев: Не постои такво нешто да си легнете како Бугари и да се разбудите како Македонци!

Организација за човекови права на Косово повикува да се дочека Лајчак со протести во Приштина

Слободен печат

„Мажи со црвени чевли” против насилството врз жените

Слободен печат

ВИДЕО | Заев за скопскиот градоначалник: Да бев жител на Скопје, ќе гласав за Шилегов

Апел од 442 европски парламентарци против израелска колонизација на „окупираните палестински територии“

Слободен печат

Ќе се укинат најголем дел од рестриктивните мерки: Сардинија станува првата „бела зона” во Италија

Слободен печат

Остави Коментар